Во Србија уште 1.684 заразени, починаа 13 пациенти


Според последните податоци во Србија се регистрирани нови 1.684 заразени, а починаа 13 пациенти.

Во последните 24 часа тестирани се 9.759 примероци, а вкупно 2.685.755 од почетокот на пандемијата.

Во моментот во болница се лекуваат 3.904 пациенти, а на респиратор се 129.

Во Србија досега од Ковид-19 починаа 4.112 лица, а стапката на смртност изнесува 1.01 отсто.