Во Србија само 56 новозаразени, почина еден пациент


 

Според последните информации во Србија забележани се 56 нови случаи со корона вирус во последните 24 часа, а тестирани се 4.189 лица.

Во истиот период почина едно лице.

На респиратор се 35 пациенти, а стапката на смртност изнесува 2,27 отсто.

Во Србија досега вкупно се тестирани 978.600 граѓани, а заразени се 31.905, додека починале 724 пациенти.