Во Србија повторно висок број починати – 61


Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 5.733 новозаболени од корона вирусот од тестирани 17.354 лица, што изнесува огромни 33 отсто од примероците. Починаа 61 лица, со што вкупниот број на официјално признаени смртни случаи стигна до 9.509.

Хоспитализирани се 6.724 луѓе, од кои 289 пациенти се на респиратори.

Во Србија од почетокот на пандемијата регистрирани се 1.089.209 случаи на инфекција.