Во Србија повторно повеќе од 6.000 заболени, 30 починаа

 

Во последните 24 часа во Србија починаа 30 пациенти со Ковид-19, а потврдени се 6.254 новозаразени со корона вирусот.

Тестирани се 19.301 лице, а на респиратор се 192 пациенти.

Во моментот во болница се 5.803 лица поради зараза со корона вирус.

Вкупниот број потврдени случаи од почетокот на пандемијата во Србија изнесува 110.351.

Досега тестриани се 1.593.281 лица.

Најголем број починати се регистрирани токму денеска, дури 30, со што бројот на жртви се искачи на 1.140‬ лица.