Во Србија повторно над 4.000 новозаразени


 

Во Србија денеска се регистрирани 4.092 нови случаи со корона вирус.

Починаа уште 24 пациенти, на респиратори се 205 пациенти, а 4.445 се лекуваат во болница.

Од почетокот на пандемијата досега кај нашиот северен сосед од Ковид-19 починаа 4.694‬.

Владата на Србија, на предлог на Кризниот штаб усвои нови мерки за сузбивање на епидемијата, кои се на сила од петокот од 21 часот.

Затворени се сите угостителски објекти, сите продавници освен оние за прехранбени прозиводи, затворени се козметичките и фризерските салони, салоните за убавина, обложувалници, коцкарници, детските игротеки, теретаните, спортските објекти.

Работат и апретките и бензинските пумпи.