Во Србија повторно над 1.000 новозаразени


Во соседна Србија, денеска се регистрирани 1.005 новозаразени со корона вирус.

Починаа пет пациенти заболени од Ковид-19.

На респиратор се 25 пациенти, а во болниците се лекуваат 849 лица заболени од Ковид-19.

Стручњаците од Кризниот штаб секојдневно предупредуваат дека епидемиолошката состојба се влошува од ден во ден и дека тоа ќе услови нови мерки.

Д-р Предраг Кон рече дека вакцинацијата мора да зајакне, но и дека мора да се воведат мерки за спречување контакти. Тој повтори дека ставот на медицинскиот дел од кризниот штаб е задолжителна вакцинација на медицинскиот персонал, со што не би се заштитиле само тие туку и пациентите. Додава дека тоа треба да важи и за војската и за полицијата.

Од болниците низ Србија, стигнуваат ни малку охрабрувачки податоци, сè повеќе пацинети се хоспитализираат, а лекарите апелираат граѓаните да се вакцинираат.