Во Србија повеќе од 7.500 новозаразени, починаа 23
Според последните податоци, во Србија во последните 24 часа регистрирани се 7.652 новозаболени со Ковид-19.
Починаа 23 пациенти, а на респиратори се 83 луѓе.
Како што беше најавено, веднаш по новогодишните празници бројот заболени нагло почна да расте. Лекарите велат дека сојот омикрон веројатно е доминантен и дека бројот заразени ан дневно ниво уште ќе расте.
Апелирата граѓаните да се придржуваат до мерките и да избегнуваат групирања. Тоа е особено важно откако се потврди дека омикрон лесно се пренесува.
Со растот на заболените, се зголемува и бројот на пациенти во болница, па така некои ковид=центри во Србија веќе се полни.