Во Србија повеќе од 3.000 новозаразени, починаа 15 пациенти


 

Во последните 24 часа во Србија потврдени се 3.257 случаи на зараза со корона вирус, а починаа уште 15 пациенти.

На респиратор се 157 пациенти, а 3.727 се лекуваат во болница.

Тестирани се 15.000 лица.

Од почетокот на епидемијата во Сербија заразени се 442.857 лица, од кои починаа 4.366. Процентот на смртност е 0,99.

За утре е закажана седница на Кризниот штаб, а на неа ќе се разгледува моменталната сосотјба во земјата, а има сценарија и за заострување на мерките.