Во Србија повеќе од 1.500 новозаразени, починаа 17 пациенти
Во текот на последните 24 часа во Србија регистрирани се 1.543 случаи со корона вирус, а починаа уште 17 пациенти.
Во болница се 4.103 пациенти со корона вирус, а на респиратор 153.
Од почетокот на епидемијата во Србија регистрирани се вкупно 393.897 заразени со корона вирус, а починаа 4.000 луѓе.
Направени се 2.609.580 тестови.
Во тек е масовна вакцинација, а досега се вакцинирани 437.214 луѓе. Следниот месец се очекува да стигнат уште милион дози вакцини.