Во Србија помалку од 2.000 новозаразени


 

СПоред последните информации во последните 24 часа во Србија забележани се 1.907 нови случаи со корона вирус, а починаа 38 пациенти.

Тестирани се 7.276.

Вкупниот број регистрирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 341.904. Тестирани се 2.312.861, додека вкупниот број на починати е 3.288.

Државниот секретар на Министерството за здравство Мирсад Џерлек изјави денеска дека од понеделник, 4 јануари, на состанок со министерот за здравство Залтибор Лончар ќе биде донесена одлука кога и во кои градови ќе почне вакцинацијата со „спутник V“.

Денеска повторно се на сила мерките кои беа донесени пред 31 декември. Сите објекти работат до 20 часот, а мерките ќе важат до 11 јануари.