Во Србија помалку од 1.000 новозаразени
Според последните податоци во Србија забележани се 989 случаи со корона вирус, а биле тестирани 6.320.
Директорот на канцеларијата на Светската здравствена огранизација во Србија, Маријан Ивануша оцени дека се гледа светло на крајот на тунелот, но дека ситуацијата и понатаму не е како пред пандемијата.
„Се надевам дека текот ќе го промениме со вакцинацијата, која до крајот на 2021 година би придонела животот да стане понормален, а во 2022 година пандемијата да може да ја ставиме под контрола“, рече Ивануша.
Додаде дека можно е во Србија покрај британскиот да има уште некој друг сој.
Во установите за социјална зажтита и сместување на корисници и домовите за стари, заразени се 189 корисници и 2018 вработени, соопшти Министерството за труд.
Вкупниот број излечени корисници од установите за социјална грижа досега изнесува 5.748, а бројот излечени вработи во овие установи е 2.839.