Во Србија починаа уште 39 лица, новозаразени 7.201


Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 7.201 нови случаи на корона вирус и 39 смртни случаи.

Вкупно 886.543 луѓе се заразени со вирусот во Србија досега, а регистрирани се 7.885 смртни случаи.

Во моментов има 5.014 пациенти во болница, од кои 195 се на апарати за дишење.

Во последните 24 часа тестирани се 23.408 лица.

Раководителот за гинекологија во Клиничкиот болнички центар „Драгиша Мишовиќ“ во Белград, Слаѓана Михајловиќ, денеска предупреди дека сѐ повеќе бремени жени се заразени со корона вирусот и посочи дека е неопходно да се вакцинираат и бремени и доилки.

Според официјалните податоци, ковид болницата  во Крушевац е здравствена установа со најголема смртност на пациенти со корона во Србија, а Универзитетскиот клинички центар Ниш, во чија надлежност е оваа болница, овој сериозен проблем „го реши“ со тоа што престана да објавува податоци од минатата недела за мртвите, што го правеше секој ден со месеци.

Меѓу препораките на СЗО и УНИЦЕФ пред почетокот на учебната година, беше истакнато дека учениците треба да останат во училиштата со примена на мерки, вклучително и редовно тестирање.