Во Србија починаа петмина, а 238 се заразени денеска


 

Според последните информации во Србија регистрирани се 238 нови случаи со корона вирус, а во последните 24 часа тестирани се 8.529 примероци.

Во истиот период починаа и пет пациенти, со што вкупниот број жртви на Ковид-19 кај нашиот северен сосед се искачи на 670.

На респиратор се 75 пациенти, а во болница се 1.947.

Од почетокот на епидемијата тестирани се вкупно 798.009‬лица, а вирусот е потврден кај 29.471 лица.