Во Србија починаа 43 лица од ковид, 5.389 нови случаи


Според официјалните податоци, во последните 24 часа, уште 43 лица починале како резултат на корона вирусот во Србија, така што вкупниот број на жртви е 8.051, објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство.

Од последниот пресек на ситуацијата во Србија, тестирани се 15.679 луѓе за корона вирус, од кои 5.389 се позитивни, што изнесува огромни 34 проценти.

На респиратор има 217 пациенти.

Вкупно се хоспитализирани 5.811 лица.

Од почетокот на епидемијата, официјално се потврдени 911.066 случаи на инфекција во Србија.