Во Србија од Ковид-19 починаа уште 54 пациенти


 

На денот кога во Србија стапија на сила мерките за влез во земјата со задолжителен ПЦР тест или 14-дневен карантин, продолжена е работата на трговските центри и угостителските објекти до 20 часот.

Според последните податоци од неделата, од последиците на Ковид-19 починале уште 54 пациенти, а заразени се 3.534 луѓе. Вкупниот број заразени од почетокот на епидемијата е 300.062, а вкупно починале 2.686 пациенти.