Во Србија од Ковид-19 починаа осуммина, новозаразени 311


 

Во последните 24 часа во Србија починаа осум лица од последиците на корона вирусот, а откриени се уште 311 случаи со Ковид-19.

Во болница се 4.196 лица, од кои 146 на респиратори.

Во изминатото деноноќие во Србија тестирани се 8.395 лица, а од почетокот на епидемијата 686.488.

Досега, кај нашиот северен сосед починаа 590 лица од корона висусот. а процентот на смртност е 2,25 отсто.

Вкупниот број регистрирани случаи на заразени со корона вирус во Србија е 26.193, се наведува на порталот covid19.rs.