Во Србија новозаразени 68, еден починат


Во изминатите 24 часа во соседна Србија, според податоците од covid19.rs, од корона вирус починал еден човек, а потврдени се уште 68 случаи на зараза.

Вкупниот број регистрирани случаи изнесува 11.092, а починале 238 пациенти.

Вкупно се тестирани 214.212 лица, од кои во последните 24 часа 4.415.

Во болница се 665, а 12 се на респиратор, додека излечени се 5.696 пациенти.