Во Србија нови 83 заразени со корона вирус, почина еден пациент


 

Во Србија денеска се регистрирани 83 нови случаи со корона вирус од 4.356 тестирани.

Во истиот период почина едно лице, додека 43 пациенти се на респиратор.

Од почетокот на епидемијата во Србија потврдени се вкупно 31.356 случаи со корона вирус, а починаа 711 лица.

Во моментот, 626 луѓе се во болница.

Вкупно се тестирани 925.208‬ лица.