Во Србија нови 83 заразени, еден пациент почина

 

На корона вирус во Србија во последните 24 часа тестирани се 6.663 лица, регистрирани се 83 новозаразени, а почина еден пациент.

На респиратор се 22 пациенти, а 294 се во болница.

Од почетокот на пандемијата со Ковид-19 во Србија починаа 745 лица.

Вкупно се тестирани близу 1,1 милион луѓе.