Во Србија нови 389 заразени, деветмина починаа


 

Состојбата со корона вирусот во Србија никако да се смири. Со денови бројките на новозаразени се близу 400.

Денеска, има 389 новозаразени, а починаа уште девет пациенти.

На респиратор се 187 пациенти, јавува Blic.rs.

Во последните 24 часа тестирани се 7.648 примероци.