Во Србија нови 345 заразени, починаа 12


 

Во Србија во последното деноноќие позитивни на Ковид-19 се 345 лица, што е помалку за разлика од вчерашните 386, а починаа уште 12 лица.

Денеска се направние 7.032 тестови.

На респиратор се 139 пациенти.

И покрај тоа што за нијанса денешните бројки се помали од вчерашните, сепак ситуацијата кај нашиот северен сосед не се смирува. Вчерашниот ден беше еден од најлошите за Србија кога регистрираа 386 новозаболени, а имаа 18 починати, па премиерката Ана Брнабиќ одржа вонредна прес-конференција на која бараше од граѓаните да ги почитуваат мерките, да не одат на протести затоа што луѓе умираат од болеста.