Во Србија нови 295 заболени, деветмина починаа


 

Во Србија во последните 24 часа потврдени се нови 295 случаи со корона вирус, од 9.858 тестирани.

Во истиот период починаа девет пациенти. На респиратор се 132 луѓе, а во болниците од Ковид-19 се лекуваат 3.315.

Вкупно досега се тестирани 713.104, додека регистрирани позитивни на корона вирус се 27.033. Вкупно починаа 614 пациенти.

Премиерката Ана Брнабиќ на прес-конференција изјави дека на респиратор има 132 пациенти.

-Имаме 295 нови случаи на заразени со вирусот, но реалноста е дека процентите се намалуваат и дека притисокот врз здравствениот систем слабее, изјави Брнабиќ.

Таа додаде дека ситуацијата полека се смирува, за што потврдува и фактот, што повеќе пациенти се отпуштени од болниците отколку што се хоспитализирани или 287 пациенти се хоспитализирани, а 190 пациенти се отпуштени.