Во Србија нови 1.366 заразени, починаа 20


 

Според последните податоци во Србија регистрирани се уште 1.366 новозаразани, а починаа 20 пациенти со Ковид-19.

Рестирани биле 7.893 лица, а вкупно досега 2.617.473.

Во моментот во болница од Ковид-19 се лекуваат 4.088, а на респиратор се 143 пациенти.

Од почетокот на пандемијата во Србија починаа 4.020 лица, а стапката на смртност изнесува 1.02 отсто.