Во Србија најмногу заболени во еден ден досега 2.823


 

Во последните 24 часа во Србија забележани се рекордни 2.823 новозаразени со корона вирус, а починаа 14 пациенти.

Зголемен е и бројот на тестирања во однос на претходниот период, па така денеска се тестирани 13.091 луше.

Расте и бројот на пациенти на респиратор, каде има 126 пациенти.
Од почетокот на епидемијата од Ковид-19 заболеа 66.888 лица, додека починаа вкупно 915 пациенти.