Во Србија имаше премногу демократија, вели премиерот Мацут
Ѓуро Мацут вели дека со Србија завладеала анархија за време на студентските протести, до нека сега се враќа во нормала
Српскиот премиер Ѓуро Мацут за време на викендот оцени дека земјата покажала премногу демократија на почетокот на годината, и поради тоа, во еден момент, „анархизмот завладеа со земјата“.
„Мислам дека демократијата во Србија беше навистина екстензивна. Таа демократичност во пристапот можеби беше преголема, без сила и принуда во првата половина од годината. Ова можеби ги охрабри луѓето да влезат во анархистичка варијанта. Во еден момент, анархизмот ја завладеа со Србија, но се враќаме во нормала“, рече Мацут.
Коментирајќи го инцидентот пред зградата на парламентот во центарот на Белград, тој на митингот против блокадите во Пожаревац рече дека институциите не можат да толерираат неовластено носење оружје и напади во центарот на градот.
„Ако не го делите истото мислење, не треба да користите огнено оружје, сила и слично“, рече Мацут.
Според него, потребно е да се работи на зголемување на толеранцијата бидејќи во српското општеството тлее голема тензија. Митинзите против блокадите се одржаа за врем,е на викендот во неколку српски града.
Оваа негова изјава за преголема демократија наиде на остри реакции кај опозицијата. „Кога еден премиер вели дека државата била „премногу демократична“ тој всушност признава дека режимот на Вучиќ се плаши од слободните граѓани“, вели Даниела Несторовиќ, пратеничка на Еколошкото востание за весникот „Данас“.
Бранимир Јованчиќевиќ, потпретседател на Демократската партија, вели дека автократијата и диктатурата се политички форми на владеење што можат да го одржат одредено општество во некаков ред.
„Сепак, тоа е всушност квази-регуларност, бидејќи е наметната и го држи општеството под контрола. Потоа тие ограничувања го изнесуваат на површина најлошото што го содржи една заедница. Во такви услови, природно се создава одбојност кај граѓаните, која прераснува во нетолеранција и во еден момент се претвора во бунт. Иницијатор на бунтот во Србија беше трагедијата во Нови Сад. Таа во себе го собра сето најлошо што се негуваше во српското општество во последните 13 години“ – вели Јованчиќевиќ.
Тој го гледа студентскиот бунт како природен процес кој, со оглед на тоа колку е интензивен, бил целосно држен под контрола цело време.
„Во ниту еден момент не се претвори во анархија. Сите студентски собири беа достоинствени. А највеличествено беше мирното собирање на 15 март, кое собра половина милион граѓани. И покрај тоа, тој остана целосно во академските рамки“, истакнува Јованчиќевиќ.
Бојан Пајтиќ, професор на Правниот факултет во Нови Сад, смета дека „само од устата на полтрон во автократски систем може да излезе фразата ‘премногу степен на демократија’“.
„Во земја каде што претседателот на републиката се однесува како отомански султан, секој плурализам се перцепира како напад врз ‘неговото височество’. Претпоставувам дека г-дин Мацут не разбира колку е монструозно она што го изговорил, особено имајќи предвид дека е универзитетски професор. Индиректно нарекувањето на студентите анархисти само затоа што се борат за владеење на правото, поделба на власта и одговорност на луѓето на позиции не е ниту педагошки коректно, ниту политички коректно, ниту е човечки прифатливо“, изјави Пајтиќ за „Данас“.