Во Србија денеска 326 новозаразени, починаа двајца


 

Според последните информации во Србија потврдени се 326 новозаразени, а двајца пациенти починале.

Ова е за речиси три пати повеќе новозаболени од вчера, кога кај нашиот северен сосед беа регистрирани 122 нови случаи.

Од Министерството за здравство на Србија информираа дека на респиратори ширум земјата има 25 пациенти.