Во Србија четири случаи на Ковид-19

Србија– Во Србија се потврдени уште два случаи на инфекција со новиот коронавирус, со што вкупниот број на заразени сега изнесува четири, соопшти утрово српското Министерство за здравство.

Во националната референтна лабораторија на Институтот Торлак до денеска се тестирани вкупно 108 лица.

Од синоќа во 18 часот до утрово во 8 часот биле тестирани примероци од пет лица, од кои две биле позитивни и три негативни на новиот коронавирус.