Во Србија близу 2.000 новозаразени, починаа 37 пациенти
Во последните 24 часа во Србија регистрирани се 1.966 случаи со корона вирус, а починаа 37 пациенти.
Тестирани биле 7.573 примероци.
Во моментот на респиратори има 265 лица, а во болница се лекуваат 7.631 болни од Ковид-19, што е за 380 помалку од вчера.