Во Србија 983, а во Хрватска 333 нови случаи со корона
Во Србија од ден на ден со голема брзина се зголемува бројот на новозаболени од корона – денеска бројката е близу илјада (983), а почина еден пациент. На болничко лекување се 823 пациенти, од кои на респиратори се 23.
Во Хрватска во последните 24 часа се забележани 333 случаи од зараза со вирусот, што е 48 помалку од претходниот ден, но 275 повеќе од претходниот четврток. Починаа три лица. На болничко лекување се 192 пациенти, од кои на респиратори се 19.