Во Србија 82 нови случаи, починаа уште двајца


 

Во Србија, до 15 часот, од корона вирус заразени се уште 82 лица, додкеа од последиците од ковид-19 починаа двајца.

Со тоа бројот на заразени порасна на 10.114, додека излечени се 3.006 пациенти. Во Србија до денеска починаа вкупно 215.

Во полседните 24 часа тестирани се 6.059, а од почетокот на епидемијата 140.592 лица.

Во моментот во болница се 1.380, додека стапката на смртност во Србија изнесува 2.13 отсто.