Во Србија 76 нови случаи со корона вирус

Во Србија, во последните 24 часа на корона вирус биле тестирани 7.509 лица, од кои 76 се позитивни. Воедно, починале двајца пациенти.

Во болница се 579 пациенти, а на респиратор 48.

Досега од Ковид-19 починаа 715 лица, а корона вирусот е регистриран кај 31.482.

Вкупно се тестирани 938.546.