Во Србија 7.804 новозаразени, починаа 54 пациенти


Српското министерство за здравство соопшти дека во последните 24 часа во Србија биле регистрирани нови 7.804 случаи на коронавирус, а 54 лица починале како резултат на инфекцијата.

Тестирани се 22.316 граѓани, а 319 пациенти се приклучени на апарати за дишење.

За разлика од тоа, во вчерашниот ден во Србија, 7.818 лица биле позитивни на коронавирус, а 57 лица починале.

Во тоа време биле тестирани вкупно 20.514 луѓе, а на респиратори имало 289 пациенти.