Во Србија 58 новозаразени, почина еден пациент


 

Во Србија потврдени се нови 58 случаи на корона вирус, врз основа на 7.967 тестови направени во последните 24 часа.

Почина еден пациент со што бројот на жртви порасна на 729.

На респиратор се 35 пациенти.

Од почетокот на епидемијата во Србија тестирани се 1.009.401 лица, а болеста е потврдена кај 32.136 пациенти.