Во Србија 30 новозаразени, БиХ со 92


 

Во изминатите 24 часа во Србија се регистрирани 30 нови случаи со Ковид-19, а починаа две лица.

Тестирани биле 5.275 примероци. Во моментот на респиратор се 23 пациенти.

од почетокот на епидемијата во Србија регистрирани се 32.938 случаи со корона вирус, а од болеста починаа 743 пациенти.

Во Босина и Херцеговина пак, во последното деноноќие регистрирани се 92 нови случаи, од кои 57 во Федерацијата, а 35 во Република Српска.

Во Заводот за јавно здравје во федерацијата пријавени се и шест смртни случаи, со што вкупниот број се искачи на 457.

Вкупно се тестирани 145.811 примероци, а Ковид-19 потврден е кај 16.445 лица.