Во Србија 235 новозаразени, починаа шест пациенти


 

Во последните 24 часа во Србија потврдени се нови 235 случаи на зараза со корона вирус.

Починаа и шест пациенти.

Во последните 24 часа на корона вирус се тестирани 8.086 лица, од кои 235 се позитивни, додека за жал, починале уште шест пациенти.

Споре министерството за здравство на респиратор во болниците има 91 пациент, што е најмал број од 5 јули наваму, кога на респиратор беа 81 пациент.