Во Србија 105 новозаразени, нема жртви денеска

Во Србија, во последните 24 часа, не е регистриран ниту еден смртен случај од Ковид-19, што е прв ден без жртви по две месеца, од носно од 24 март, пишува Бе92.
Тестирани биле 5.998 лица, а 105 од нив се позитивни. Вкупно се тестирани 209.797.
Од 744 во болница, 12 се на респиратори. До сега во Србија починаа 237 пациенти, а стапката на смртност е 2,15 отсто.
Вкупниот број регистрирани случаи во Србија е 11.024.