Во сообраќајка кај Карпалак еден потешко повреден, двајца со лесни повреди


Еден тешко повреден и двајца полесно повредени, како и отежанато движење поради сообраќајка на автопатот Скопје-Тетово, што се случила попладнево околу 16 часот и 30 минути.

Според информациите на СВР Тетово незгодата се случила во правец од Скопје кон Тетово кај месноста Карпалак.

– Во сообраќајната незгода дошло до судир помеѓу возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки кој го управувал Е. Е 23 годишник од Тетово, како и возило „форд транзит“ со гостиварски таблици управуван од 38 годишник од Добри Дол, гостиварско. Поради судирот тешки телесни повреди добил возачот на „пасатот“. Тој бил пренесен на тетовската клиничка болница за укажување лекарска помош. Во судирот полесно се повредени сопатник во пасатот на 30 години и возачот на форд транзит, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Веднаш по судирот започнато е да се одвива увид на местото, а сообраќајот отежнато се одвива само на една коловозна лента. На асфалтната лента се нашла и боја која била превезувана со возилото „форд транзит“.