Во Софија велат – Скопје поставува ултиматуми

Поранешниот министер за одбрана, Бојко Ноев, се чуди зошто Бујар Османи рекол оти Македонија ќе чека до летотво за одлуката на ЕУ


 

Најавите на министерот Бујар Османи, па и на претседателот Стево Пендаровски, дека ако во јуни нема одлука за почеток на преговори со ЕУ треба малку да се спушти топката во измачувачките разговори со Бугарија, од некои кругови во Софија се протолкувани како ултиматум. Поранешниот министер за одбрана во владата на Иван Костов и дипломат, Бојко Ноев, се чуди како „умерениот и проевропски политичар“ Османи изјави дека „топката е во полето на Бугарија и на ЕУ“. Па споменувајќи ги зборовите „до летото“ Боев толкува дека тоа било ултиматум.

Ноев, во текстот објавен во „Бгнес“, вели дека дематите во Македонија биле македонска работа, но кога „се обидуваат да ја префрлат вината за своите неуспеси од болната глава на здравата, а особено кога се обидуваат да всадат таква вина во Бугарија, очигледно работите не одат во добра насока“. На фонот на сегашната реторика во Бугарија и тој зборува за наводната децениска дискриминација на македонските Бугари и зошто тие не би можеле да се вметнат во уставот. Образложенијата дека немало доволно гласови во парламентот да поминат такви уставни измени не се прифатливи за Боев, бидејќи човековите права и еднакцвоста биле клучен критериум за ЕУ, па вели: „Зошто решавањето на ова прашање е покомплицирано од промената на името и другите важни државни атрибути кои по налог на Грција поминаа во парламентот во Скопје за пет и пол месеци?“

Боев додадава дека „во Скопје одамна требаше да се сфати дека се додека во РСМ е забрането да се биде Бугарин, додека македонските Бугари конечно не ги добијат своите законски права за рамноправно учество во државниот живот како Бугари, а не некои други, нема да има доверба. во односите со Бугарија. Затоа уставните и нормативните гаранции се задолжителен предуслов за бугарската согласност за почеток на преговорите“.

Поранешниот министер за одбрана додава и дека требало да почне со работа мешовитата комисија која ќе требало да ги утврди „вистинските причини“ зошто над 120.000 граѓани од Македонија официјално добиле бугарско државјанство, а според последниот попис нивниот број е само 3.504.