Во Собранието седници на Законодавно-правната комисија и Комисијата за економски прашања


Во Собранието на Република Северна Македонија седници денеска ќе одржат Комисијата за економски прашања и Законодавно-правна комисија.

На дневен ред на 16-тата седница на собраниската Комисија за економски прашања е само една точка – Предлог на закон за изменување на законот за јавните претпријатија.

Законодавно-правна комисија ќе одржи две седница. На 50-тата седница на дневен ред се повеќе точки, меѓу кои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА), Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.

На дневен ред на 153-тата седница на собраниската Законодавно-правна комисија се Предлог – одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина и Предлог на закон за изменување на законот за јавните претпријатија.