Skip to content

04/03/2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Пребарај
Независен Весник
Пребарај
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

Во Собранието формирани работните тела, за замениците министри по 20 септември

15/09/2020 08:07

Пратениците на вчерашната собраниска седница ја усвоија одлуката за изборот на составот на работните тела на Парламентот, а премиерот Зоран Заев од Куманово најави дека во тек е постапката за утврдување на имињата на кандидатите за заменици министри. Подготвен е, како што рече, денеска или утре да ги достави имињата на предлозите за заменици министри до Собранието, а Собранието веројатно по 20 септември ќе го стави на дневен ред нивниот избор.

На собраниската седница пратениците од опозицијата повторно посочија дека се крши процедурата и оти се гласа за персонален состав пред Собранието претходно на парламентарна седница да донесе одлука за нивно основање и за дефинирање на надлежностите на работните тела.

Според опозицијата, Собранието таква одлука треба да донесе, бидејќи, посочуваат, некои од комисиите би можеле да претрпат измена на број на членови или опфат и делокруг на работа, како на пример комисијата за здравство која би можело да има поголем број членови со оглед на ситуацијата со пандемијата.

За пратеничката Гордана Силјановска Давкова крајно невообичаено е Комисијата за прашањата на изборите и именувањата да ја супституира улогата на Собранието, и оти секој собраниски состав треба да има сопствена одлука за формирање работни тела, по која ќе се прави изборот на персоналниот состав.

Претседателот на Собранието Талат Џафери појасни дека претходната одлука за формирање работни тела или комисии е на сила, и оти нема предлози за формирање нови. На оваа одлука, потенцира Џафери, се темели и предлогот на координаторите на пратеничките групи за персоналните состави. Тој им посочи на пратениците од опозицијата дека не поднеле никаков предлог за дополнување на делокругот на работа или за зголемување на бројот на комисии или членови на комисиите.

Според пратеникот Антонио Милошоски парламентарното мнозинство не ја крши процедурата од незнаење, туку дека можеби се плаши од евентуално отворање дебата за надлежностите на комисиите и евентуални амандмани со кои, како што рече, би се оневозможило собраниската Комисија за европски прашања да остане „комисија за носење закони по скратена постака“, како во минатиот состав.

Во меѓувреме, премиерот Зоран Заев, кој беше во посета на Куманово, каде присуствуваше на отворање нова индустриска зона, најави дека постапката за утврдување на имињата на кандидатите за заменици министри е во тек.

– Јас сум подготвен утре-задутре да ги доставам имињата на предлозите за заменици министри до Собранието, а Собранието веројатно по 20 септември ќе го стави на дневен ред нивниот избор, истакна вчера Заев.

Тој потенцира дека во моментот не може да ги соопшти имињата на замениците министри, затоа што, подвлече, со коалициските партнери се уште ги нема утврдено сите кандидати.

– Се уште правам интервјуа со кандидатите, разговарам со нив како потенцијални заменици министри. Верувам дека ќе завршам до утре, за да можам да им ги соопштам на јавноста и да ги доставам до Парламентот, изјави вчера премиерот Заев.

Според него, услов за избор на замениците министри е Собранието да ги оформи своите помошни тела за да може да функционира, како и да се верификува мандатот на новата пратеничка која ќе го заземе местото на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Собранието на Република Северна Македонија во попладневниот дел од вчерашната седница и го верификуваше мандатот на пратеничката Емилија Рамбабова од коалицијата, која доаѓа на местото на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.


Поврзани содржини

Руте: Во НАТО никој не е сам, ќе ве браниме и вас!
03/03/2026 16:03
Филипче: Руте зборуваше во Собранието, членството во НАТО не е „предавство“
03/03/2026 16:03
Гаши и координаторите на посебна средба со Руте
03/03/2026 16:03
Левица го дочека Руте со транспарент „НАТО убива“
03/03/2026 15:03

СДСМ му порачува на ВМРО-ДПМНЕ да го прашаат Руте кој ја внесе Македонија во НАТО
03/03/2026 13:03
ВМРО-ДПМНЕ ја поврза „Бела чао“ со Русија
03/03/2026 13:03
(Во живо) Прес конференција на Руте и Сиљановска
03/03/2026 13:03
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во официјална посета на земјава
03/03/2026 07:03

Најчитани


  • Голем дел од Скопје утре без струја – исклучувањата ќе почнат од 4 часот наутро
    25/02/2026 17:23
  • Се гледа напредок на изградбата на пречистителната станица во Скопје – инвеститорот задоволен
    27/02/2026 13:15
  • Последните часови на Али Хамнеи: Како беше изведен атентатот на столетието во срцето на Техеран
    01/03/2026 21:28
  • Премиерот „на гости“ во Крива Паланка – домаќинот непоканет
    02/03/2026 14:45
  • Мајката и детето биле сами и заклучени во станот пред трагедијата, партнерот задржан во полиција
    03/03/2026 11:15
  • Високата цена го попишманила Николоски за тунелот на делницата Гостивар – Букојчани
    03/03/2026 16:56

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење