Во Слупчане ќе учат дека “секој куршум има мета“
Министерството за внатрешни работи и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Општина Липково организираат настан во рамки на кампањата за подигнување на јавната свест за опасностите што произлегуваат од носење и злоупотреба на мало и лесно оружје (МЛО).
Настанот ќе се одржи на 28 октомври воспортската сала на основното училиште „Фаик Коница“ во село Слупчане.
Пред присутните ќе се обратат градоначалникот на општина Липково Еркан Арифи, помошникот-началник на СВР Куманово Севдаиљ Џафери и заменичката на постојаниот претставник на УНДП Сања Бојаниќ.