Во Словенија повторно расте бројот заразени со корона вирус


 

Во Словенија, во последните 24 часа, потврдени се 894 нови зарази со корона вирус, додека претходниот ден имаше 362, а епидемиолозите препорачуваат забрзано темпо на вакцинирање за да се се доведе состојбата под контрола во следните неколку месеци.

Со 14-дневна инциденца која изнесува 457, Словенија се наоѓа на европскиот просек, но кај ваквинирањето треба да забрза, смета епидемилогот Нушка Чекш Јагер, која го води Центарот за заразни болести при Институтот за јавно здравје.

Прва доза примија околу 23 отсто луѓе, две дози 10 отсто

Според последните податоци, во Словенија вакцина добиле 430.938 луѓе или околу 23 отсто од популацијата, а со две дози се вакцинирани 216.820, односно 10,3 отсто од популацијата, а сега започнува вакцинација на граѓаните постари од 50 години.

Меѓутоа, стручњаците предупредуваат дека дневно треба да се вакцинираат два до три пати повеќе од сега за да не се развлече процесот до касна есен.

„Нашата желба и цел е што побрзо да се вакцинираат сите граѓани, па и таа постара генерациј“, рече Чакш Јагер стакнувајќи дека благодарение на вакцинацијата досега олеста вече е сопрена меѓу старите лица.

Иако има мислења дека сега, кога има доволно вакцини треба да се отстапи од принципот на старосно вакцинирање и да се вакцинираат сите, Словенија засега останува на досегашната стратегија, а за евентуални промени ќе одлучуваат стручњаците.

Според денешните податоци, во Словенија во последните 24 часа потврдени се 894 нови зарази со корона вирус, со 22,2 отсто удел од тестирани, додека ден порано уделот изнесуваше 15,1 отсто.

Во моментот активни се 9.675 и тој број паѓа, како и бројот на заболени кои се лекуваат во болница, каде има 584 пациенти, 24 помалку од претходниот ден. Во Словенија во последното деноноќие починаа шест пациенти со Ковид-19, а вкупно од почетокот на епидемијата 4.273.