Во Словенија потврден индискиот сој на корона вирусот
Првиот случај на индиската варијанта на новиот корона вирус во Словенија откриен е во примерок земен на 20 април, објавија денеска попладне словенечките медиуми.
Како што пренесува Словенечката новинска агенција СТА, тој податок е објавен на порталот GISAID, а мутацијата е потврдена од Институтот за микробиологија на љубљанскиот Медицински факултет.
Лабораториите кои се занимаваат со секвенционирање на геномот на новиот корона вирус, меѓу кои и лабораторијата на институтот, податоците за новите видови фи внесуваат најпрви на портало GISAID, кој нуди отворен пристап до податоците.
СЗО неодамна објав дека индискиот вирус е позаразен и затоа претставува дополнителна грижа затоа што може да предизвика забрзано ширење на болеста ширум светот.