Во Словенија починаа уште 44 лица, а позитивни 431


Во неделата во Словенија се направи 1.679 теста кои ја потврдиле инфекцијата од Ковид-19 кај 431 лице, што е 25 проценти. Но бројката на починати и натму не се намалува – животот го загубија 44 луѓе. Хоспитализирани се 1.320 лица, од кои на интензивна нега 208.

Вкупната бројка на починати се искачи на 2.107, а инфекцијата досега е потврдена кај 96.745 лица.