Во Словенија од денеска на сила е полициски час

 Во Словенија од денеска на сила е полициски час од 21 до 6 часот наутро. Забраната за собирање повеќе од шест лица, наместо претходните 10, стапува на сила, јави СТА.

Забраната за движење меѓу регионите се уште важи, со одредени исклучоци.

Во Словенија вчера беше соопштено дека во претходните 24 часа биле потврдени 537 случаи на заразени со новиот коронавирус, што е 20,4 проценти од испитаните, па затоа владата донесе одлука за нови мерки.