Во Словенија нема новозаразени со корона вирусот


За прв пат од почетокот на епидемијата во Словенија нема нозозаразени со корона вирусот.

Вчера во лабораториите низ земјата се направени вкупно 500 тестирања, а ниту еден не бил позитивен.

Според податоците на Националниот институт за јавно здравје во овој момент во болниците поради Ковид-19 се лекуваат 59 пациенти, а само 21 во одделите за интензивна нега. Вчера двајца пациенти се отпуштени од медицинските центри, а две лица починаа како последица на инфекцијата.

Од утре во државата повторно почнуваат со работат голем број продавници, а ќе се отворат и рестораните и кафулињата, кои ќе функционираат под посебни заштитни мерки.