Во Словенија има 1.783 новозаразени, вакцинацијата почнува в недела


 

Во Словенија во последните 24 часа потврдени се 1.783 нови зарази со корона вирусот, објави во петокот словенечката влада.

Направени се 5.189 ПЦР тестови и 7.236 брзи тестови.

Се стабилизира и состојбата во болниците, каде нема наплив на нови пациенти.

Во моментот на одделенијата има 1.189 пациенти, а 209 на респиратор.

Починале 25 пациенти, или вкупно 2.479.

До денеска во 20 часот важат строгите мерки, кои потоа олабавуваат. Се очекува 9.750 дози од вакцината на „Фајзер“ да стигнат во Словенија во сабота, а во недела да почне вакцинацијата најпрво во домовите за стари и изнемоштени, кои досега не биле заразени со корона вирусот.