Во Словенија 745 новозаразени, почина еден пациент


Во Словенија во последните 24 часа потврдени се 745 нови случаи со зараза од корона вирус, а почина уште еден пациент од последиците на Ковид-19, потврди во четврток словенечката влада.

Така, вкупниот број заразени од почетокот на епидемијата се искачи на 10.683, а во моментот активни се 4.818 случаи, објави Министерството за здравство.

Бројот нови зарази денеска е втор ден по ред над 700, откако вчера имаше 707 новозаразени, а се зголемува и бројот на пациенти во болница, каде сега има 221, од кои 40 на интензивна нега.

Вкупниот број починати изнесува 176.

Поради зголемениот број новозаразени Словенија донесе порестриктивни мерки, па така во седум од 12 покраини прогласена е црвена зона. Луѓето од тие зонине смеат да се движат во други региони, а задолжително е носењето маски, како и забрана за собирање повеќе од десет луѓе.

о тие региони во траење од две недлеи ќе бидат затоворени сите угостителски објекти и фитнес ценатр.