Во Словенија 26 починати, 1.024 нови инфекции


Податоците за корона вирусот во Словенија за вчерашниот ден објавени денеска покажуваат дека има нови 1.024 позитивни случаи од 3.432 направени тестови. Починале 26 лица.

Во болниците има хоспитализирано 1.244 пациенти, од кои на интензивна нега се 198. Од болниците вчера биле отпуштени 39 лица.