Во Словенија 1.030 нови случаи со корона вирус, починаа 44 пациенти

 

Во Словенија во последните 24 часа тестирани се 3.744 примероци, а 1.030 биле позитивни. Во истиот период починаа 44 пациенти.

Бројот новозаразени е помал од вчера кога имаше 1.636.

Во болница се 1.302 пациенти, од кои 197 се на интензивна..

Досега регистрирани се 85.805 заболени, а активни се 20.481 случај.